Друштвото на филмски работници на Македонија објавува повик за прием на нови членови во секциите режија; продукција; камера; сценографија, костимографија и шминка; тон и монтажа; анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во соодветните училишта и факултети, како и лицата кои ќе се докажат низ своите филмски дела. Сите заинтересирани кандидати можат до крајот на годината да испратат своја кратка биографија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а сите информации и критериумите за прием на нови членови се наоаѓаат тука.