КОНКУРС За пријавување на кандидати за Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија

Thursday, 20 January 2022 11:44
КОНКУРС За пријавување на кандидати за Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија
There is no translation available.

Согласно член 56 и 57 од  Статутот и член 27 од Деловникот за работа на Собранието на Друштвото, Друштвото на филмските работници на Македонија го објавува следниот:

КОНКУРС

За пријавување на кандидати за Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија

Кандидат за Претседател може да биде секој редовен член на Друштвото кој ги исполнува следните критериуми:

  • да има високо образование или 5 години редовно членство;
  • професионално филмско искуство од најмалку 3 играни филмови;
  • познавање на најмалку еден од светските странски јазици.

Претседателот на Друштвото има мандат од 4 години со право на повторен избор.

Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и програма за работа на Друштвото на филмски работници кои треба да се достават најдоцна до 03.02.2022 година на електронската адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Изборот на Претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија ќе биде извршен од пријавените кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми на следното изборно Собрание на Друштвото на филмските работници.

FaLang translation system by Faboba