Избрана предлог комисија за избор на македонски филм-кандидат за наградата Оскар

Tuesday, 04 July 2023 09:52
Избрана предлог комисија за избор на македонски филм-кандидат за наградата Оскар
There is no translation available.

Врз основа на Одлуката, донесена на редовното Собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија на ден 06.06.2018 година, членовите на комисијата за избор на филм, кандидат за македонски претставник за наградата Оскар за најдобар интернационален филм, доделена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, според долгогодишната пракса традиционално ги избира претседателот на Друштвото на филмските работници.

Претседателот ја формира предлог комисијата од редовите на Друштвото на филмските работници, како и од други истакнати филмски професионалци и филмски актери.

И годинава Друштвото на филмските работници ја состави предлог комисијата и таа е испратена до Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за нејзина верификација.

Друштвото на филмските работници  ја започна и постапката со контактирање на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од Академијата, со цел кандидирање на македонски претставник за наградата – Оскар.

Сите заинтересирани продукции, можат да се информираат за зададените рокови, како и правилата од регулативата пропишана од Американската академија за подвижни слики,уметност и наука од следниов документ: 96TH Academy Awards® Complete Rules

За процесот на пријавување и селекција, продукциите може да се информираат и преку официјалниот маил на Друштвото на филмските работници: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

FaLang translation system by Faboba