„ЗЛАТНА РАМКА 2020“ – Презентација: „Како се евалуираат проектите на МЕДИА“

16.02 2020
„ЗЛАТНА РАМКА 2020“ – Презентација: „Како се евалуираат проектите на МЕДИА“

Креативна Европа МЕДИА Деск МК во рамките на „Златна рамка 2020“ на 15-ти февруари организираше отворено предавање и средба со Маша Марковиќ – експерт, која работи за Извршната агенција за образование, аудиовизуелни уметности и култура на Европската унија ( EACEA - he Education, Audiovisual and Culture Executive Agency) и ги евалуира проектите аплицирани на повиците за „Развој на проект“ и „Филмски Фестивали“.

На ова предавање македонските филмски професионалци се запознаа со процесот на евалуација и начинот на оценување за овие два повика за кои има најголем интерес во Македонија. Дополнително, неколку проекти имаа можност за индивидуални консултации со Маша Марковиќ која покрај ангажманот како експерт, работи и како координатор на CineLink (Сараевски Филмски фестивал.) Настанот го модерираше Бистра Георгиева - раководител на МЕДИА Деск МК.

FaLang translation system by Faboba