ТРИБИНА: Жената во македонскиот филм

17.02 2020
ТРИБИНА: Жената во македонскиот филм

Во рамките на програмата на „Златна рамка 2020“ се одржа трибина: „Жената во македонскиот филм“ посветена на улогата и статусот на жените вклучени во сите сегменти на реализација на еден филм.

Трибината ја модерираше познатиот филмски критичар Влатко Галевски, а говорници беа: Наталија Теодосиева и Кристина Леловац – актерки, Емилија И. Атанасовска - костимографка, Даријан Пејовски - режисер, Перо Арсовски – актер.

На трибината стана збор за тоа колкава е застапеноста на жените во домашната кинематографија, какви биле женските актерски улоги во минатото, а какви се денес, колку во сценаријата авторите ги потенцираат сите идентитети на еден женски карактер, дали во филмската индустрија жените продуцентки завземаат доволно место, колку се почитува пожртвуваноста на актерките во нивната професија...

FaLang translation system by Faboba