Ратификувана одлуката ДФРМ да стане рамноправен член на ФЕРА - Европската федерација на режисери

20.11 2020
лого

Друштвото на филмски работници на Македонија ја има честа да ја информира јавноста дека и официјално стана член на ФЕРА - Европската федерација на режисери.

ДФРМ во декември 2019 беше информирано дека со едногласна одлука на Управниот одбор на ФЕРА, е предложено и изгласано како рамноправна членка на федерацијата. На Генералното Собрание одржано на 20 октомври 2020 година членовите на Собранието на ФЕРА едногласно ја ратификуваа оваа одлука.

ФЕРА – Европската федерација на режисери е основана во 1980 година, и е единствената организација која ги претставува филмските и телевизиски режисери на европско ниво. Со 48 здруженија на режисери како членки од 35 земји, таа опфаќа повеќе од 20.000 европски режисери, кои ги претставуваат нивните културни, креативни и економски интереси на национално и европско ниво.

Со ова ратификација, македонските филмски режисери, членови на ДФРМ, преку нашата организација стекнуваат членство во оваа истакната федерација која работи на промовирање на политики кои го зголемуваат креативниот, социјалниот и комерцијалниот потенцијал на аудиовизуелната индустрија.

ДФРМ исто така е член и на IMAGO - Светска Асоцијација на Кинематографи, CEPI - Европската Асоцијација за Аудиовизуелна Продукција, ЕPC – Европски продуцентски клуб, и ја поседува лиценцата за избор на национален претставник за наградата Оскар, доверена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

FaLang translation system by Faboba