Конкурс за избор на селектор на главната програма на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

2.04 2024
Конкурс за избор на селектор на главната програма на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Врз основа на Статутот и Правилникот за работа на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, Друштвото на филмските работници на Македонија објавува

КОНКУРС

За избор на селектор на главна, документарна,кратка и студентска програма на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. За кандидат за Селектор за споменатите програми на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ може да аплицираат членови на Друштвото и други истакнати, докажани филмски професионалци, повеќегодишни критичари, теоретичари на филмот како домашни така и странски граѓани кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • да има високо образование;
  • истакнат и докажан познавач на светски филм;
  • повеќегодишно искуство и следење на светските филмски фестивали;
  • познавање на најмалку еден светски јазик;
  • да има објавувано критики, расправи, теории за филм;
  • да има способности за комуникации, поготово со дистрибутери, директори и селектори од други фестивали;
  • активно и препознатливо учество во филмската област

 Селекторот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ има мандат од две години со право на повторен избор. Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кои треба да се достават најдоцна до 10.04.2024 година на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија.