Прирачник за филмаџии

19.02 2020
Прирачник за филмаџии

‘Рихванд’ или ‘бекдроп’, што е ‘шарфер’, што е ‘клапер’ и за што се задолжени истите, што е ‘извршен’, а што ‘линиски продуцент’, се само дел од дефинираните поими што ги содржи првиот Прирачник издаден од страна на Друштвото за Филмски Работници на Македонија. Филмската индустрија е многу сложена и во продукцијата на еден филм се вклучени голем број на работници и автори кои мораат прецизно да знаат што работат и колку време и буџет имаат за истото.

За прирачникот да ја добие својата форма придонесоа сите членови на ДФРМ и нивните соработници.

FaLang translation system by Faboba