Филмска ревија „Златна рамка“ 2019

27.02 2019
Филмска ревија „Златна рамка“ 2019
 Филмска ревија „Златна рамка“

Филмската ревија „Златна рамка“ на иницијатива и во организација на ДФРМ, од 22-24.02.2019 годинава за прв пат се одржа на иницијатива и во организација на ДФРМ и претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во изминатата календарска година.
Целта на овој настан е домашната публика да добие можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија а филмските професионалци да разменат мислења и искуства за нивната работа.
На првото издание на Златна рамка беа прикажани вкупно 25 филмови, 2 долгометражни, 16 краткометражни и 7 документарни.
На проекциите присуствуваа дел од авторите. Се одржа и презентација на МЕДИА деск Македонија со цел филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови.
Ревијата „Златна рамка“ е од некомерцијален карактер и проекциите се бесплатни.

Ваков начин на претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Најголем број на овие филмови не се прикажуваат во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика.
Како и на сите кретивни остварувања а особено филмот кој е најкомплексна уметност му е потребна поддршката од својата публика.