Врз основа на Одлуката, донесена на редовното Собрание на Друштвото на филмските работници на Македонија на ден 06.06.2018 година, членовите на комисијата за избор на филм, кандидат за македонски претставник за наградата Оскар за најдобар интернационален филм, доделена од страна на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, според долгогодишната пракса традиционално ги избира претседателот на Друштвото на филмските работници.
Претседателот ја формира предлог комисијата од редовите на Друштвото на филмските работници, како и од други истакнати филмски професионалци и филмски актери.
И годинава Друштвото на филмските работници ја состави предлог комисијата и таа е испратена до Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за нејзина верификација.
Друштвото на филмските работници ја започна и постапката со контактирање на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од Академијата, со цел кандидирање на македонски претставник за наградата – Оскар.
Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 25ти август 2025 година на официјалниот мејл на ДФРМ:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Продукциите можат да се информираат за зададените рокови, како и правилата од регулативата пропишана од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука од следниов документ: https://www.oscars.org/oscars/ rules-eligibility
Процесот на избор на национален кандидат за наградата Оскар во категоријата Интернационален филм се одвива на следниов начин: Друштвото на филмски работници на Македонија во соработка со продукциските компании, на членовите на комисијата за избор им обезбедува пристап (кино проекција и линк) до секој од пријавените филмови. Потоа, претседателот на комисијата за избор ги повикува членовите на заеднички состанок (работен ручек), на кој преку отворена дискусија и размена на мислења тие го избираат филмот кандидат. Во случај да постои неусогласеност поради различни гледишта, филмот кандидат се избира по пат на гласање од страна на членовите . На крајот од состанокот се донесува одлука потпишана од сите членови на комисијата за избор.
За процесот на пријавување и селекција, продукциите може да се информираат и преку официјалниот мејл на Друштвото на филмските работници: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.





