×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: media/k2/galleries/41

Фестивалот „Браќа Манаки“ добитник на меѓународната награда на ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност

22.03 2019
Фестивалот „Браќа Манаки“ добитник на меѓународната награда на ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност

15 март, Белград – Утре во Белград, во присуство на светски познати имиња од филмската сцена, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ свечено ќе му биде врачена наградата за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.
Оваа престижна награда ја доделува ИМАГО, Меѓународната асоцијација на кинематографери на нивното второ издание на доделувањето на меѓународните награди.
Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благој Куновски – Доре ќе присуствуваат на овој извонредно значаен настан за фестивалот и за македонската култура, бидејќи нашиот фестивал е единствената институција на која и’ е доделено ова високо признание од ИМАГО.
На истата свеченост ќе им бидат доделни награди на познатиот американски кинематографер Едвард Лакман (Edward Lachman) за животно дело, на Рејчел Морисон (Rachel Morrison), кинематограферка од САД и на оскаровецот Дејвид Стамп (David Stump)за извонредни технички достигнувања.

{gallery}41{/gallery}