Александра Кардалевска: Жените зад камерите го менуваат лицето на македонскиот филм!

1.12 2024
Александра Кардалевска: Жените зад камерите го менуваат лицето на македонскиот филм!

aleksandra kardalevska photo x 1024x675Искрено се радувам на овој „бран“ жени кои внесуваат свежа енергија и оригинални идеи во македонската кинематографија. Глобално, но и кај нас, жените се соочуваа со предизвици во индустрија која долго време беше доминирана од мажи. Сепак, успесите на македонските режисерки докажаа дека нашиот глас, перспективи и приказни заслужуваат свое место на филмското платно. Затоа е клучно локалните и интернационалните мрежи да продолжат да го поддржуваат и охрабруваат овој позитивен бран.

Александра Кардалевска е млада режисерка чиј краткометражниот филм „Сценариото“ ги освојува светските фестивали. Филмот ја имаше својата премиера во 2023 на Московскиот филмски фестивал и оттогаш продолжи да го привлекува вниманието со учества на значајни настани, како FilmQuest – еден од водечките жанровски фестивали во САД, како и фестивалите за фантастични филмови во Билбао, Манчестер, Сао Паоло и многу други. Досега филмот е награден со околу петнаесет награди.

 

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА СТАТИЈА ТУКА