Томи Салковски

ТОМИ САЛКОВСКИ, Продуцент

Томи Салковски е роден во 1971 во Скопје. Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1996 година.

Во 2004 година ја основа продукциската куќа Скопје Филм Студио, каде и денес работи. СКОПЈЕ ФИЛМ СТУДИО (СФС) е продуцентска компанија со свој удел во најновата македонска кинематографија. Во своето портфолио вклучува играни и документарни, долгометражни и кратки филмови, дела на докажани автори, но и на млади таленти, прикажани и на големите светски фестивали.

Ориентирана кон копродукциско работење, СФС има воспоставено долгогодишна соработка со филмски, автори, продуценти и фондови од регионот и Европа.

Томи Салковски е член на различни граѓански здруженија кои се залагаат за струково усовршување и подобар општествен живот.

ОДБРАНА ФИЛМОГРАФИЈА

2020  

МИМИ, режисер: Даријан Пејовски (во развој) / продуцент

2019

БОГ ВО ЧЕВЕЛОТ, режисер: Огњен Свиличиќ (во постпродукција) / продуцент

ХОМО, режисер: Игор Иванов / во развој

ЦРНИ ДОСИЕЈА, ТВ Серија (во развој) / продуцент

2018

ЉУБОВНИКОТ, режисер: Игор Иванов / продуцент –
краткометражен игран филм

КОБРА, режисер: Игор Иванов / продуцент -
долгометражен документарен филм

КАМЕНА ГРАДИНА, режисер: Даријан Пејовски / продуцент -
краткометражен документарен филм

ВИДИ ЈА ТИ НЕА, режисер: Горан Столевски / продуцент –
краткометражен игран филм
(34. Sundance Film Festival – Short Film Jury Award: International Fiction;
40. Clermont-Ferrand Film Festival – International Competition)

2017

РЕКВИЕМ ЗА ГОСПОЃА Ј, режисер: Бојан Вулетиќ / продуцент –
долгометражен игран филм
(67. Berlinale - Panorama, FEST Belgrade 2017-Serbian Film, Sofia IFF 2017 - Official Competition…)

ЖАБА, режисер: Елмир Јукиќ - долгометражен игран филм / продуцент
(23. Sarajevo IFF – Open Air - BH Film…)

СЕНКИ НАД БАЛКАНОТ, режисер: Драган Бјелогрлиќ – ТВ Серија / продуцент

2016

ЦРВЕНАТА СОБА режисер: Косара Митиќ – краток игран филм / продуцент

2015

ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ, режисер: Даријан Пејовски –
долгометражен игран филм
(Montreal World Film Festival 2015, First Feature Competition…)

ТАТКО, режисер: Висар Морина - долгометражен игран филм
(Karlovy Vary IFF 2015, Official Competition - Best Director award…)

2013

СОБА СО ПИЈАНО, режисер: Игор Иванов - долгометражен игран филм
(Chicago International Film Festival 2014…)

НАМИНИ БАР ЕДНАШ, режисер: Косара Митиќ – краток игран филм

ВЕРУВАМ ВО ЉУБОВТА, режисер: Игор Иванов - документарен филм

2011

ИДНИНАТА ДЕНЕС, режисер: Игор Иванов – документарен игран филм

СКОПЈЕ РЕМИКСД режисер: Борјан Зафировски – омнибус

НЕКОИ ПОИНАКВИ ПРИКАЗНИ, режисер: Марија Џиџева - омнибус

2007

ПРЕВРТЕНО, режисер: Игор Иванов / кинематографер –
долгометражен игран филм
(Karlovi Vary Film Fest 2007…)

2005

КОНТАКТ, режисер: Сергеј Станојковски – долгометражен игран филм

2004

БУБАЧКИ, режисер: Игор Иванов
(Berlinale Film Fest 2005, short film competition, Locarno Film Fest 2005, Golden Leopard…)

back to top
FaLang translation system by Faboba