admin president

ИГОР ИВАНОВ, режисер и сценарист

Роден 1973та година во Скопје.

Во 1991 година го формира музичкото радио Канал 103.

Својата режисерска кариера ја започнува со субверзивно-музичкиот серијал “Сабвеј”, од кој произлегува и неговиот прв филм насловен како “НЕП”, премиерно прикажан на Лондонскиот филмски фетсивал.

Во 1997ма, го снима кусометражниот филм – Часовник, кој се здобива со специјално признание од советот на Европа.

Автор е на документарните филмови под наслов Кавал и Гајда, прикажани на повеќе фестивали ширум светот.

Во 2004та година го снима филмот “Бубачки”, номиниран за Златна Мечка на филмскиот фестивал во Берлин и добитник на престижниот Златен Леопард на фестивалот во Локарно, како и на други значајни светски признанија.

Во 2007 мата, неговиот прв долгометражен филм под наслов – “Превртено”, е премиерно прикажан на фестивалот во Карлови Вари и добитник е на наградата за најдобра режија на фестивалот во Валенсија, како и на наградата на жирито на фестивалот MOVEAST во Унгарија.

Автор е на вториот од серијалот спотови под наслов “Македонија вечна”, награден на фестивалот за туристички филмови Art&Tur во Португалија, како и на десетици рекламни кампањи, рекламни спотови, корпоративни и наменски филмови.

Неговиот втор игран филм “Соба со Пијано" во октомври 2014 ја доживеa својата премиера во САД, на престижниот интернационален фестивал во Чикаго.

Игор Иванов e коавтор на сценариото за играниот филм “Три дена во септември” во режија на Даријан Пејовски.

Посетува пост-дипломски студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје и е во фаза на подготовка на нов игран филм.

Во областа на телевизиската продукција, Иванов се јавува како режисер на серијалите "Наше маало", "Пет Плус", "Преспав", "Инсајдер", како и на бројни ТВ репортажи, документарни филмови и музички спотови.

ФИЛМОГРАФИЈА

2018   ШАМПИОН / CHAMPION (Documentary; 50min) DCP - in production
2017 ИНСАЈДЕР / INSIDER (TV Series)
2017 СЕНКИ НАД БАЛКАНОТ / SHADOWS OVER THE BALKANS (TV Series -1 episode)
2016 -
2017
ПРЕСПАВ / PRESPAV (TV Series)
2014 -
2017
ПЕТ ПЛУС / FIVE PLUS (TV Series)
2013 СОБА СО ПИЈАНО / THE PIANO ROOM (102min) DCP
2012 ВЕРУВАМ ВО ЉУБОВТА / I BELIEVE IN LOVE (Documentary; 13min)DCP
2007 ПРЕВРТЕНО / UPSIDE DOWN (105min) 35mm
2004 БУБАЧКИ / BUBACHKI (15min) 35mm
2000 КАВАЛ / KAVAL (Documentary; 12min) 35mm
2000 ГАЈДА / GAJDA (Documentary; 9min) 35mm
1999 -
2003
НАШЕ МААЛО / NASE MAALO (TV Series)
1997 ЧАСОВНИК / The CLOCK (8min) 35mm
1995 НЕП / NEP (Documentary; 94min) 16mm
1996 ЌЕБЕТО НА АЦО ШОПОВ / ACO SHOPV'S BLANKET (10min)
1993 -
1994
САБВЕЈ / SUBWAY (TV series)
FaLang translation system by Faboba