АБЦД на филмскиот работник

13.10 2018
АБЦД на филмскиот работник

Што е АБЦД на Филмскиот работник?

Брошурата за филмскиот работник е проект во изработка што ќе содржи јасно дефинирани стандарди за правата и обврските на филмскиот работник. Брошурата на филмскиот работник ќе претставува своевидна "а-бе-цеда" на филмските работници, со  опис на филмската суб-ординација, опис на професионалните обврски на секоја од позициите, правата на филмскиот работник, работното време, правото на квалитетни оброци, пауза, одмор и слично. Оваа мала книшка ќе биде изготвена според законските акти, синдикалните права и светски прифатените норми за нашата професија. Воедно, таа ќе содржи морален кодекс на однесување, како и низа практични информации.