Филмска ревија „Златна рамка“ 2019

12.03 2019
Филмска ревија „Златна рамка“ 2019
 Филмска ревија „Златна рамка“

Филмската ревија „Златна рамка“, годинава за прв пат ќе се одржи на иницијатива и во организација на ДФРМ и претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во изминатата календарска година.

Целта на овој настан е домашната публика да добие можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија а филмските професионалци да разменат мислења и искуства за нивната работа.

На првото издание на Златна рамка ќе бидат прикажани вкупно 25 филмови, 2 долгометражни, 16 краткометражни и 7 документарни.

На проекциите ќе присуствуваат дел од авторите. Предвидено е да се одржи и презентација на МЕДИА деск Македонија за филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови.

Ревијата „Златна рамка“ е од некомерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни.

Ваков начин на претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Најголем број на овие филмови не се прикажуваат во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика.

Како и на сите кретивни остварувања а особено филмот кој е најкомплексна уметност му е потребна поддршката од својата публика.

FaLang translation system by Faboba
 
 

FaLang Language Switcher