Европа двојно ги олесни условите за кинематографска ко-продукција за Македонија

Tuesday, 23 June 2020 17:33
Европа двојно ги олесни условите за кинематографска ко-продукција за Македонија

Северна Македонија станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, во која покрај членките имаат право да земат учество и земјите кои не се дел од Европската Унија, а имаат потенцијал и кадар за работа на интернационални проекти.

Целта на ревидираната Конвенција е да обезбеди правна и финансиска рамка за ко-продукција на долгометражни филмови, во кои се вклучени продукции основани во три или повеќе држави потписнички.

Тоа значи дека ДВОЈНО се намалени условите кои мора да ги исполнуваат продукциите за да се сметаат за копродуценти и тоа:

Мултилатералните ко-продукции сега имаат минимално учество од 5% (претходен процент 10%), додека билатералните ко-продукции имаат минимално учество 10% (претходен процент 20%).

Задоволен сум што нашата земја добива подобра шанса да биде дел од големи европски филмови во улога на копродуцент. Двојното намалување на условите за учество во филмови што некогаш се многу скапи за нас значи подадена рака во европската кинематаграфија – вели Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуроимаж ја има надлежноста врз ваквите проекти, но и за истите ќе овозможи споделување на најдобрите практики со цел полесно заокружување на ваков тип на соработки.

Оваа олеснителна околност за македонските продукции официјално стапува на сила на 01.10.2020

FaLang translation system by Faboba